Супермоделот Кристи Тарлингтон позира заедно со дизајнерот Марк Џејкобс во неговата есенска кампања пред објективот на фотографот Стивен Мајзел
Неколку големи модни имиња соработуваа на рекламната кампања на Марк Џејнкобс за есен 2019 – супермоделот КристиТарлингтон, фотографот Стивен Мајзел, стилистката Кејти Гранд, шминкерката Пет Мекграт и самиот моден дизајнер Марк. Пријателството меѓу Кристи и Марк трае уште од доцните 80-тите години, и после безброј соработки, еве ги заедно во новата црно-бела промотивна фотосесија. Кристи носи елегантни, но и екстравагантни комбинации од есенската колекција на Џејкобс, а фотографиите нè потсетуваат на некои ретро фотографии од модните списанија.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари