• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

Кристофер Кејн одушеви со 3Д-фустани во Лондон

Од stylist @StylistMKD · На февруари 18, 2014


Ако модата недела во Париз носи уметнички решенија за висока мода, неделата во Милано балансира елеганција и луксуз, а таа во Њујорк ги трасира трендовите за урбана мода, Лондон е седиште на најголемите модни иновации. Таму се собираат најголемите кретивни модни умови , кои  како во лабораторија ги претставуваат своите изуми. Тоа е место каде што првпат можеа да се погледнат најоткачените идеи на Вивиен Вествуд, каде што пламна генијалноста на Александар Меквин, а како поминуваат годините, станува расадник за нови модни научници. Не е претерано ако Модната недела во Лондон се спореди со научен симпозиум, на кој  поголем дел од опитите стануваат дефиниција за тоа што ќе се носи во иднина. На листата на дизајнери, кои секогаш брануваат со нови, успешни експерименти е Кристофер Кејн. Иако голема фама се крена околу промоцијата на првите чанти со негов потпис, во рамки на сезонска линија, сепак изнендувањата не останаа на нив.

Тој одушеви пред сè со обидот да ја размрда крутата слика за двостраноста на облеката и да и вметне малку понаква форма. Така , настанале и 3Д-фустаните. Моделите со повеќеслони карнери од органза, кои  даваат тродимензионелен ефект отвораат нова модна перспектива. Македонската публика имаше можност да погледна вакви фустани во колекцијата есен-зима 2012/13 на нашата креаторка Росица Мршиќ.

Раздвижените парчиња материјал на Кејн, наредени во неколку слоја, се порабени со контрасна боја, за да се засили ефектот. Покрај 3Д- фустаните тука се и креациите со ракави исто така во неколку димензии. Станува збор за парче материјал со отвори низ кои е протната раката, како нанижена во ракавот. Изненадувањата продолжуваат со моделите со принтови, како рамки за слики. Двослојните фустани и блузи во основата имаат слика со цвет ,а долниот слој ги покрива од страните. Модното љубопиство го носи Кејн и до експериментирање и со тантела. Таа и покрај својата богата текстура, создава една хармонична слика, истовремено покривајќи и разголувајќи го телото. (А.Н.)

3Д-фустаниЊујоркАлександар МеквинВивиен ВествудКристофер КејнЛондонМиланоМодна недела во ЛондонорганзаПаризтантелафустаничанти
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • paris-couture-fashion-week-2024 ревии

    PARIS HAUTE COUTURE: Видео преглед на новите колекции на висока мода

  • dior saint laurent ревии

    ПАРИСКА МОДНА НЕДЕЛА: Едноставна женственост кај Диор, ринтерпретација на сафари естетиката кај Сен Лоран

  • 11 ревии

    Старт на Париската модна недела со ревиите на Диор и Сен Лоран

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics