• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
гастрономија, Мода 0

Македонските кроасани 4U хит на најголемиот саем за слатки во Германија

Од stylist @StylistMKD · На февруари 7, 2018

Saem - Keln 1

Македонската компанија „Жито пром“ годината ја почна со учество на еден од најголемите саеми за слатки во светот ISM кој се одржа во Келн, Германија, а главниот производ со кој се претставија беа кроасаните 4U. Тие може да се најдат во сите поголеми маркети во земјава, но се продаваат и во Грција, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Италија, Холандија, Норвешка, Катар и Бугарија.

 - Една од нашите цели, остварувањето на нови контакти на саемот успешно ја спроведовме. Ни пријдоа заинтересирани, потенцијални партнери од речиси секој дел од светот, поточно од околу 50 земји. Се вративме со неколку потврдени соработки и со уште повеќе во најава. Очекуваме дел од овие контакти да преминат во успешни соработки – велат од „Жито пром“.

 На манифестацијата која траеше четири дена штандови имаа 1650 изложувачи од целиот свет, а ја посетија повеќе од 38.000 професионалци од оваа сфера меѓу кои и производители, дистрибутери, претставници и сопственици на ланци на маркети од различни земји итн.

 - Го нарекуваат најслаткиот саем на светот и земајќи го во предвид бројот на компании кои учествуваат може да се каже дека името е комплетно заслужено. Предизвик е да се истакнеш во морето на понуди, но кога имаш добар производ како што се кроасаните 4U и креативност тогаш секогаш може да се постигне посакуваниот резултат – објаснува менаџерскиот тим на компанијата „Жито пром“ од Гевгелија.

Saem - Keln 2

 Иако претставувањето на саемот во Келн е одличен почеток на промотивните активности за годинава, компанијата планира уште многу новитети во 2018.

 - Ќе биде напорна година со големи промени и крупни чекори. Очекуваме отворање на нови пазари и пласман на производи во нови земји со кои дојдовме во допир преку саемот. Втората фабрика за производство на кроасани е завршена и веќе се тестираат новите линии, се засилува тимот што стои зад целата приказна и напорно се работи сето ова да се доведе до регуларно функционирање. Има идеи и за нова линија на производи и вкусови на кроасани – посочуваат од компанијата.

 Кроасаните 4U засега се произведуваат со вкус на какао, јагода, ванила и кајсија и со мешаните вкусови на какао и ванила и вишна и ванила. Сите вкусови ги има во единечна варијанта, како и во фамилијарно пакување.

 - Тајната на кроасаните се крие во внимателно подготвените парчиња со природно кисело тесто наречено мајка, тоа ја зазема главната улога во процесот на печењето на кроасаните. 4U имаат и ИСО 22000 сертификат доделен од една од водечките институции во секторот на безбедност на храната TUV Норд, а се во процес на комплетирање на ИФС, широко применет светски стандард за контрола на безбедноста на храната и степенот на квалитет на производителот. Во моментов работиме и на нови производи како кроасанот со двојно повеќе чоколадо и премиум варијантата со лешник полнење. Има и некои поинтересни идеи и планови за развој на нови вкусови и типови на кроасани годинава. Имаме најавено соработки со странски консултанти, што ќе ни помогнат во развојот на оваа нова палета – посочуваат од „Жито пром“.

 Компанијата е сместена во близина на Гевгелија брои повеќе од 40 вработени. Долгорочниот план на менаџерскиот тим е насочен кон освојување на странските пазари како и на зацврстување на позицијата на домашниот пазар.

Saem - Keln 3

ISMГерманијаКелнКроасани 4U„Жито пром“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 MAC-Cosmetics-Black-Cherry Мода

    Новата колекција Black Cherry на MAC Cosmetics од денеска во скопската продавница

  • Carmenere 2019 - Kamnik overall use copy гастрономија

    За првпат во Македонија вино од чиста сорта Carménère на Винарија Камник

  • Baked-Feta-Pasta гастрономија

    ТикТок рецепт: Тестенини со потпечено фета сирење

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • jovana neshova (1)

    Бремената манекенка Јована Нешова позира за насловната на „Моделс ин“

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • funk shui

    Слушаме македонска музика: „Не време“ на Funk Shui и гостинката Вера од Љубојна

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • kopenhagen

    Инстаграм профил посветен на живописниот уличен стил на Копенхаген

    април 15, 2021
  • DIOR

    [ВИДЕО] Ревија на Dior во Шангај

    април 15, 2021
  • 1

    Класичен беж мантил и црни хеланки – најмодна комбинација пролетва

    април 15, 2021
  • 2

    Дајан вон Фурстенберг дизајнира предмети за домот за H&M Home

    април 14, 2021
  • ПРОЛЕТ (3)

    Трендови лесни за носење и аплицирање во вашиот стил

    април 14, 2021

Убавина

  • PearInc100ml_RVB

    Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

    април 10, 2021
  • Mixed Emotions cut

    MIXED EMOTIONS – Во ред е да не се биде во ред

    април 6, 2021
  • 1 guerlain

    Mon Guerlain Sparkling Bouquet – мирисот на пенлива радост

    април 2, 2021
  • 1 MAC-Cosmetics-Black-Cherry

    Новата колекција Black Cherry на MAC Cosmetics од денеска во скопската продавница

    март 30, 2021
  • fac

    Геловите за чистење клучен дел од негата на лицето

    март 11, 2021

Живот

  • 2

    Дајан вон Фурстенберг дизајнира предмети за домот за H&M Home

    април 14, 2021
  • FotoJet

    Две супер состојки што треба да ги консумирате – хељда и амарант

    април 12, 2021
  • pilates

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

    април 8, 2021
  • IQOS 3 Duo 3

    Повеќе харизма во личниот стил со помош на додатоци

    март 30, 2021
  • Znakoven Bitola 2

    Радмила од Богданци и Мартин од Битола, лица со оштетен слух го отворија првото знаковно кафуле во Битола

    март 29, 2021

Култура

  • Louvre

    Прошетка низ музејот Лувр од дома

    април 7, 2021
  • Filmski Predizvik (1)

    Нов европски филмски предизвик – освој најмногу поени и отпатувај на црвениот тепих во Кан

    март 24, 2021
  • gordana vrencoska

    Онлајн-промоција на „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

    март 23, 2021
  • ?????????

    Виртуелна промоција на „Букварот на Биби“ денеска во 19 часот

    март 22, 2021
  • DMF_2021

    Отворен конкурсот за учество на „Денови на македонската фотографија 2021“

    март 15, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics