• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 1

Промоција на монографија за Милчо Манчевски во МКЦ

Од stylist @StylistMKD · На мај 8, 2015

monografija 1

Во сабота (9 мај), во 19 часот во киното Фросина во МКЦ, ќе се одржи промоција на монографијата „Манчевски“ чиј уредник е филмската критичарка Марина Костова. Монографијата ќе биде промовирана на трибина на која за творештвото на Милчо Манчевски ќе разговараат актерката и продуцентка Лабина Митевска, филозофката проф. Катерина Колозова и авторката Костова.

Книгата има 650 страници, и е своевидно сеопфатно резиме на сред кариера на уметникот. Содржи десет есеи за разновидни аспекти на неговото творештво од светски реномирани филмски теоретичари, филозофи и историчари на уметност; содржи и голема збирка продукциски белешки, сториборди, писма, рецензии и интервјуа, како и теориски размислувања и проза на самиот Манчевски.

monografija 2

„Многумина го сметаат режисерот, фотограф, концептуален уметник и писател Милчо Манчевски за еден од најоригиналните и најиновативни уметници на денешницата поради уникатниот спој на експеримент, поетичност, емотивност и барање активно учество од гледачот во конструирање на значењето на делото. Неговиот опус е редок во светската кинематографија по уникатниот начин на игра со времето, просторот и емоциите“, вели авторката Костова и додава:„ Како што вели ирскиот уметник и критичар Конор Мекгрејди, опусот на Манчевски функционира како провокативен контрапункт на пасивност; неговата вистинска вредност лежи во способноста да го предизвика гледачот и да отвори разговор не само за филм, туку и за нашиот однос кон комплексната конструкција на опшественото и историско ткиво во кое престојуваме.“

monografija 3

Во монографијата, за спецификите на филмскиот израз пишува Конор Мекгрејди во „Фрагменти, слоеви и временска испрекинатост: опсервации за филмските дела на Милчо Манчевски“. Пред дождот го анализираат Ен Киби во „Теорија на сликата“, Ијан Кристи во „Бесконечна приказна“ и Сашо Александар Ламбевски во „Чувствувајќи го параноикот, шизото и депресивецот: Семиотичка анализа на емотивната архитектура на Македонија во Пред дождот“. За Прашина пишуваат Ерик Тангерстад во „Кога приказната ја крие приказната: Наративната структура на Прашина (2001) на Милчо Манчевски“ и Ирис Кронауер во „Бришење на Прашина во Венеција“. Катерина Колозова е автор на анализите „Сенки на Манчевски: Сексуалност и меланхолија“ и „За Мајки на Манчевски: Анатомија на мизогинијата“. За ликовниот опус пишуваат Конор Мекгрејди во  „Време, нарација и приказ: Делото на Милчо Манчевски во перформанс и фотографија“, и Соња Абаџиева во „Концептуални практики во ликовните наративи на Милчо Манчевски“.

Промоцијата на монографијата е дел од манифестацијата „Снимај бе братучед, снимај – 4 дена со Милчо Манчевски“, во организација на Друштвото на филмски професионалци на Македонија.Издавачи се „Битсија“ и „Арс ламина – публикации“. Книгата ќе биде достапна бесплатно на трибината, како и на бесплатните проекции на филмовите „Мајки“ (в сабота во 21ч) и „Прашина“ (в недела 21ч) во киното Фросина.

monografija 4

мајкимакедонски режисериМарина КостоваМилчо Манчевскимонографијаретроспектива„Прашина“„Пред дождот“„Сенки“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • photo izlozba културен водич

    FLUX IDENTITY, современата уметничка сцена на Канада во дијалог со уметниците од Република Северна Македонија во Чифте амам

  • cepenkov културен водич

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

  • literatura културен водич

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

1 коментар

  • Valentin Dinevski вели: мај 12, 2015 на 01:34

    Kade/kako mozam da dobijam/kupam primerok od monograijata?

    Одговори
  • Остави одговор Откажи одговор

    ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

    Калеидоскоп

    • ivana manas (5)

      Македонскиот модел Ивана Манас на ревија на Долче и Габана во Милано

    Модна азбука

    • Poncho

      ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

      ноември 20, 2020

    Видео

    • roksanda

      Три генерации жени од семејството на Ванеса Редгрејв во видео на Роксанда Илинчиќ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

    Follow @stylistmkd
    Follow on Instagram
    Follow on rss

    НАЈНОВИ ОБЈАВИ

    • lili kadinska

      Обучете се за моден стилист преку единствената наставна програма на Лили Кадинска и Le Brand Studio

      март 5, 2021
    • 10

      Стилска инспирација за овој март

      март 4, 2021
    • eaa15a39-3358-4418-a9d4-7c56362b20b3

      Оваа пролет кожените чанти ќе ги замени со платнени

      март 4, 2021
    • rosica mrsic

      Впечатливи марами во новата линија на модни додатоци на Росица Мршиќ

      март 4, 2021
    • ??????????

      Седум стилски совети за ниски жени

      март 4, 2021

    Убавина

    • ECNERIN UreaRepair

      Уреа – ефикасна состојка која се грижи за нега на сувата и груба кожа!

      февруари 24, 2021
    • BeautyFridge

      Кои козметички производи треба да ги чувате во фрижидер

      февруари 11, 2021
    • ana de armas

      Францускиот боб на Ана де Армас најавува еден од трендовите на фризури за 2021

      февруари 3, 2021
    • dior rouge (1)

      Натали Портман во новата кампања за кармините на Dior

      февруари 2, 2021
    • 1 guerlain

      GUERLAIN: Ајде да зборуваме за природна убавина

      јануари 28, 2021

    Живот

    • Otvoranje Tehnomarket- Kapitol 03 03 21 (6)

      Техномаркет денес со големи попусти го отвори својот нов продажен салон во Скопје – Капитол Мол

      март 3, 2021
    • oprah_with_royals

      Принцот Хари и Меган Маркл ја отворија душата во интервју со Опра

      март 2, 2021
    • Baked-Feta-Pasta

      ТикТок рецепт: Тестенини со потпечено фета сирење

      февруари 18, 2021
    • maldivi

      Хотелот Waldorf Astoria на Малдиви има најдобра Инстаграм содржина според Forbes

      февруари 17, 2021
    • chloe ting

      ФИТ ФОРМА: Вежби за тенок струк и заоблен задник

      февруари 16, 2021

    Култура

    • bistra (2)

      Македонската сликовница „Џиновска продавница за фантазии“ на Бистра Георгиева е достапна на три континенти

      март 3, 2021
    • handmaids tale

      Нов трејлер и конечен датум за четвртата сезона на Handmaid’s Tale

      март 1, 2021
    • bienale

      МСУ со отворен повик за престојното 13. Биенале на млади уметници

      март 1, 2021
    • vanity fair (1)

      Светот на фантазијата во холивудското издание на Vanity Fair

      февруари 24, 2021
    • daft punk

      Крај на една музичка ера – Дуото „Дафт Панк“ најави разделба преку видео

      февруари 23, 2021

    Тагови

    Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
    • Дома
    • Контакт
    • За Stylist.mk
    • Маркетинг

    © 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics