Атрактивната Лејди Кити Спенсер, внука од брат на принцезата Дајана, на кралската свадба на принцот Хари и Меган Маркл привлече големо внимание со својата појава и моден стил. Грациозната Кити за црквената свеченост избра зелен фустан со цветен дезен од Долче и Габана, украс за коса во иста боја од Филип Трејси, како и обувки и мала стаенска чанта во темнопортокалова боја. Таа е ќерка на Чарлс Спенсер, братот на Дајана, и многумина исткнаа дека многу потсетува на својата тетка Дајана.
Кити веќе некое време соработува со Долче и Габана, и како манекенка се има појавено во рекламни кампањи и на ревии на ова италијанско модно дуо.
Нема коментари