Карл Лагерфелд го прошири светот на „Шанел“ вон земјата и во новата колекција се повика space age стилот од 60-тите години. Но највозбудлив дел од денешната модна ревија на „Шанел“ во парискиот Grand Palais се случи во завршницата, кога ракетата поставена на сцена како дел од сценографијата, беше лансирана со звуците на Rocket Man на Елтон Џон. Лагерфелд досега ни покажал дека со своите ревии може да нè пренесе во различен свет, во супермаркет, на аеродром, во казино, но оваа сезона избра свет кој е надвор од она што го разбираме како наше – во вселената во која се стигнува преку центарот за ланцирање на вселенската агенција на Габриел Шанел. Облеката го отлсикува расположението на Лагерфелд за нова вселенска одисеја – светкави и металик ткаенини, форми и кроеви кои реферираат на 60-тите (мини-топови, палта во А-линија и светкави ниски чизми), декадата во која човештвото се опседна со вселената, футуризам доследен за интергалактичко патување во сезоната есен-зима 2017/18, и шари на планети и астронаути на облеката на манекенките кои прошетаа на сребрената модна писта.
Нема коментари