Роден во Каиро, пораснат во Монтреал, продукт-дизајнерот Карим Рашид денес живее на релација Њујорк-Белград, а ова е неговиот нов дом во њујоршкиот кварт Хелс Кичен. Колоритен и полн со модернистички парчиња, просторот го отсликува неговиот стил на дизајнирање, но и сопствениот моден стил. Познат е по своите розови костуми исто колку и по своите познати креации. Рашид својот бренд го лансира во 1993 година и оттогаш дизајнира разни продукти, шишенца за парфеми, аммбалажа и парчиња мебел за клиенти како Исеј Мијаке, „Хјундаи“, „Самсунг“, Umbra, Bobble, BoConcept, Christofle и многу други. Женет е со Србинката Ивана и заедно со нивната ќерка Кива неодамна се преселија во оваа трикатна куќа во Њујорк, но повремено престојуваат и во својот белградски стан. Новиот дом е уреден во јаки бои и содржи многу парчиња што тој ги дизајнирал за разни брендови, но и предмети од познати колеги како на пример Заха Хадид. За Рашид домот претставува постојана лабораторија во која многу често ги вметнува своите нови дизајни.
Нема коментари