Култниот режисер Лари Кларк го оствари својот втор проект со модната куќа „Диор“, овојпат режира краток филм за пролетната колекција на Dior Homme, едно и пол минутно видео наречено A Larry Clark Project/Paris Session во кое група млади дечки шетаат низ Париз и е прошарано со снимки на скeјтери. Кларк во 90-тите беше актуелен со контроверзниот Kids, филм за млади Американци на маргините на општеството, исполнет со секс, дрога и рокенрол. Подоцна го сними и Ken Park, а сега сосема неочекувано се занимава со модни видеа, дури и се појави како модел во есенската кампања на Dior Homme. Дизајнерот на машката колекција на „Диор“, Крис Ван Аш, вели дека Лари Кларк е една од главните референтни точки во неговите колекции, затоа било сосема нормално со него да снима и да го употреби како модел. Ова скејтерско филмче, во стилот на естетиката на Кларк, евоцира чувство на напуштеност и на младешки бунт.
Нема коментари