Актерката која се популаризира со улогата во ТВ-серијата „Озборувачка“, Лејтон Местер, се појавува како модел на пролетната кампања на Nelly.com. На фотографиите, снимени на неколку локации во Лос Анџелес, таа ги носи креациите од колекцијата пролет-лето 2014. Моделите се младешки, модерни и наменети се за самоуверени и храбри девојки, како што е самата Лејтон. Актерка изјави дека тоа се облеки кои би ги носела и самата таа, надвор од филмскиот сет.
Нема коментари