Славниот актер Леонардо ди Каприо е познат како застапник на еколошки начин на живот и учествува во разни иницијативи за заштита на животнатата средина, проект на кој работи веќе некое време е отворањето на екоресорт во Белизе. Одморалиштето на брегот на Карипското Море ќе понуди луксузни вили, раскош и приватност, а целиот комплекс ќе биде комплетно еколошки освестен.
Леонардо пред десетина години го купил островот Blackadore Caye, дел од средноамериканската држава Белизе, и токму на него одлучил да го гради овој ресорт кој треба да се отвори во 2018-та. На 42 хектари земјиште ќе бидат сместени хотел, 68 вили и 48 приватни куќи, некои на копно, некои поставени на платформа врз водата. Сите хотелски и станбени единици се градат од рециклирани материјали кои не ја загадуваат средината и ќе содржат соларни панели.
Други еколошки аспекти вклучуваат користeње на станица за рециклирање вода и проект за пошумување, сите во строга согласност со еко-пријателски правила на островот. Со цел да рекреира оригиналниот екосистемот на островот, актерот ќе организира курсеви, семинари и конференции за климатските промени и за опасноста што тие ги претставуваат.
Нема коментари