Летото е можеби мирна сезона за уметноста, за нови промоции и експерименти, но во концептот на галеријата „Акантус“ е да ви понуди секое лето изложба која ќе ве испровоцира да ја посетите. Оваа година изложбата насловена ЛЕТЕН САЛОН има своја свежина во изборот на уметници, блиски до нашата галерија, некои од нив за прв пат излагаат во овие простори, а сепак се добро познати на македонската јавност. Изложбата се отвора утре, 10 јули, во 20 часот. Ќе изложуваат Симон Шемов, Марина Лешкова, Нина Гештаковска-Цветковска, Срџан Миќиќ, Славица Јанешлиева, Андреј Митевски, Вана Урошевиќ и Зоран Тодовиќ, Марија Ветероска, Дијана Томиќ Радевска и Катрин Салентин. Разновидни по медиумите во кои работат, богати по сензибилитет карактеристичен за нив, тие на оваа изложба се хармоничен генерациски спој.
Нема коментари