Откако ги доби епитетите модна икона и трендесетерка Оливија Палермо инспирира и кога е на летување, посочувајќи неколку стилски предлози – во нејзиниот случај едноделен костим за капење од брендот Le Sirienuse, кој толку ѝсе допадна што деновиве е видена во две верзии на истиот модел, потоа голема сламена шапка и соодветна сламена торба, како и неколку видови на памучни туники со спуштени раменици. Палермо веќе беше неколкупати на летување, пред неколку седмици со сопругот Јоханес Хуебл се релаксираше во Позитано, Италија, а во моментов е јахтата на дизајнерот Валентино Гаравани, закоттвена на шпанскиот остров Ибица.
Нема коментари