Британскиот принц Хари и американската актерка Меган Маркл, војводата и војвотката од Сасекс, по втор пат станаа родители и вчера го објавија раѓањето на нивната ќерка. Двојката која сега живее во Калифорнија откако се откажаа од официјалниот кралски живот, соопшти дека Меган се породила во петокот, 4 јуни, во болница во Санта Барбара. Меган и Хари исто така го објавија името на ќерката – Лилибет Дајана Маунтбатен-Виндзор. Зад името се крие емотивна посвета – Лилибет е по прекарот на бабата на Хари, британската кралица Елизабета II, а Дајана очиледно е во чест на по мајката на Хари, трагичо загинатата принцеза Дајана.
Нема коментари