Британската актерка Лили Џејмс, позната по улогите во серијата „Опатијата Даунтон“, како и во новата филмска верзија на приказната за Пепелашка, е заштитно лице на новиот парфем на брендот Burberry, Black. Сензуалната кампања ја сними славниот фотограф Марио Тестино, во соработка со дизајнерот Кристофер Бејли.
-Кампањата е многу заводлива и мисе допаѓа како е пренесена на фотографија. Секој од мирисите на Burberry има свој карактер, а овој, нов парфем, наречен Black , песебно е фокусиран на сензуалноста. Мислам дека тоа успеавме да го пренесеме во кампањата-изјави Лили Џејмс.
За создавање на парфемот беше задолжен Франсис Каркџијан, кој со бејли направија микс од цветен аражман со доминана нота на јасмин, како и елементи на роза, праска, амбер и пачули.
Нема коментари