Новата миленичка на креативниот дирекор на „Шанел“ Карл Лагерфелд во последниве месеци е ќерката на Џони Деп и Ванеса Паради, Лили Роуз Деп, денеска се појави на модната ревија на новата колекција на висока мода на парискиот бренд. Облечена во розова венчаница со нагласени карнери, таа прошета заедно со Лагерфелд во финалето на ревијата во Париз, за време на модната недела. Младата актерка и моделка веќе се појави во неколку кампањи на „Шанел“, а е зашитно лице на Chanel No5, слично како што мајка ѝ Ванеса дваесеттина години го промовираше култниот Шанелов парфем.
Нема коментари