Американскиот и британскиот Vogue ги објавија насловните страници на септемвриските изданија на познатиот магазин на кои позираат славните манекенки Линда Евангелиста, Синди Крафорд, Кристи Тарлингтон и Наоми Кембел
Царуваа на модните писти во доцните 80-ти и во 90-тите години, се стекнаа со статусот на супермодели, а Линда, Синди, Кристи и Наоми, сега во своите 50-ти години, се враќаат на сцената како главни протагонистки во документарната серија „Супермоделите“ која ќе се прикажува во септември, но и како лица од насловната на септемврискиот број на Voguе.
Фотографиите се на Рафаел Павароти, стајлингот е на уредникот на британски Vogue Едвард Енинфул, а целиот проект е со координација на Ана Винтур. Во придружниот текст и во видеата, славните манекенки зборуваат за своите кариери и нивниот живот додека биле на врвот на славата.
Модните вљубеници се израдуваа на спојот на овие супермодели, но и има и премногу забелешки во однос на фотографиите на кои манекенките се фотошопирани, безизразни и како да не личат на себе. Сметаат дека насловнните не може да им парираат на некои од најкултните заеднички фотосесии на супермоделите, како на пример насловната на Vogue UK за јануари 1990 година со истата четворка плус Татјана Патиц (која неодамна почина) фотографирана од Питер Линдберг.
Нема коментари