• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

„Љубојна“ со концертен настап го отвораат фестивалот „Крај Вардарот џез“

Од stylist @StylistMKD · На септември 2, 2021

???

Организаторите на второто издание на фестивалот „Крај Вардарот џез“, Мирко Попов и Владан Дробицки, на вчерашната конференција за печат, најавија дека фестивалот ќе биде отворен на 5 септември (недела), во 20 часот, во паркот позади Младинскиот културен центар со настап во живо на „Љубојна“ и „Кантон6“.

На првата фестивалска вечер, Љубојна, кои прославуваат 20 години постоење и работа на сцената, концертно ќе го промовираат најновиот материјал од винилот „Стела“, кој е филмски саундтрак за истоимениот филм во режија на Стојан Вујичиќ, а во продукција на „Дрим фактори“. Албумот го издава дискографската куќа „ПМГ Џез“. Наедно ќе се осврнат и на некои од највозбудливите мигови од нивната долга и успешна музичка кариера.

Неверојатно искуство да се слушне супстанцата и битот во гласот на Вера Милошевска-Јосифовска во контекст на џез фестивал, но и раскошот во музичката изведба на овој култен бенд. Вечерта ќе ја отворат и надополнат скопските „Кантон6“, кои ќе дебитираат со материјалот од нивниот трипли албум „Џезус“. Неодамна вратени од турнеја низ регионот, Кантон6 ќе го претстават својот оригинален бленд на електроника, модерен џез и лажна митологија. Се чини дека овие три, досега неспоени нешта, функционираат совршено во производот на овој иновативен џез состав. Легендарниот македонски џез музичар и тромбонист Владан Дробицки; водечкиот театарски бокс-офис режисер, Синиша Евтимов и Мирко Попов, го чинат овој состав.

„Голем успех и задоволство е кога најавуваш нов албум. „Стела“ е винил издание кое од овие 20 години работа, ги открива новите музички визии на Љубојна. Специјално значење има затоа што е оригинална музика од играниот филм „Стела“ во режија на Стојан Вујичиќ, и можеби прво издание на филмска музика на винил. Музичкото ткиво е интересен фјужн на изрази и идеи. Големо благодарам за соработката и вложениот труд на издавачката куќа ПМГ џез и продукциската куќа Дрим Фактори за заедничката љубов која направи овој винил да е во наши раце и чија што музика во живо ќе зазвучи во недела на фестивалот Крај Вардарот џез, еден од моите омилени фестивали“, вели Вера Љубојна.

На средбата со новинарите, Попов, рече дека фестивалот сериозно и продлабочено работи на откривање и промоција на домашната џез и современа сцена.

„За кусо време успеавме да издадеме релативно голем број автентични квалитетни музички изданија, кои според добрите познавачи, поттикнаа нов бран на македонската, но и регионалната сцена. Откривањето, развојот и презентацијата на извонредниот квалитет, кој постои во Македонија е главниот интерес на ПМГ Џез и фестивалот кој го организираме. Присутноста, па и успехот на дигиталните платформи, се прелева во амбиција за издавање и на “хард копи“ изданија, како ЦДа, но особено сме фокусирани на издавање винили. Некој ќе рече тоа е луксуз, но тоа е токму она што не прави сериозни во работата и јасно не одвојува од опортунистичкиот џез естаблишмент. Ние сме тука за суштината. А суштината и културата тука се луксуз“, вели Попов.

Билетите за отворањето се во строго ограничен број и можат да се купат на билетарата во МКЦ Скопје и онлајн на www.bileti.mkc.mk. Винил и ЦД изданијата од „ПМГ Џез“ ќе можат да се набават самата вечер на фестивалот по промотивни цени.

Предходно на 3 септември, во 21 часот во кафе бар „Котур“, ќе има слушачка промоција на најновиот албум „Стела“ на извонредните етно и џез кросовери „Љубојна“. Ова е прв македонски филмски саундтрак издаден на винил. На слушачката промоција, плочата ќе биде достапна по промотивна цена.

На 10 септември, во 21 часот во рамки на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во кафе книжара Буква, закажана е слушачка промоција на винилното издание „Крај Вардарот Џез 1“, компилација од повеќе автори, кои издаваат за ПМГ Џез. Плочата „Крај Вардарот Џез 1“ произлезе од работата на лејблот со артистите од овој нов џез бран. На неа се поместени 8 композиции од: „Светлост“, „Кантон6“, „Сетстат“, „Филип Букршлиев“, „Јордан Костов Квинтет“, „Кобалт Код Јунит“, СД4 и хитот „Бела“ од Сетстат и Мирко Попов.

На 6 октомври, во 20 часот, во кино Фросина, МКЦ ќе биде заокружено второто издание на фестивалот со концерт на „Такси Конзилиум“ и „Дино Имери“.

„При составувањето на програмата се водевме од неколку принципи. Решивме да промовираме проекти, кои се првенствено продуцирани за нашата издавачка куќа. Истите се моментален врв во македонското џез творештво и се живи проекти, кои концертираат интернационално. Не случајно изборот падна на „Кантон6“, Љубојна, пијанистот Дино Имери и составот Такси Конзилиум, чиј албум беше прогласен за еден од најдобрите за месец мај, на платформата Бандкамп“, вели Дробицки.

„Крај Вардарот Џез“ е годишен фестивал на дискографската куќа „ПМГ Џез“, која само за три години издаде висококвалитетни 30-тина изданија и внесе неверојатна раздвиженост на џез сцената и поттикна вистински нов бран на артисти.

Фестивалот ќе се одржи според пропишаните протоколи на Владата на РСМ, меѓу другото и со покажување сертификат за вакцина на влезот.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2indog културен водич

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

  • yes културен водич

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

  • toska културен водич

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics