Единаесет домашни автори на современи рачно изработени уникати ќе се претстават на 26-тиот традиционалниот „Љубовен базар“, кој на 16 ноември (четврток) ќе се одржи во кафе-бар „Љубов“. На еднодневен базар ќе може да се погледнат и набават уникатни модни додатоци, чанти, накит и разни други украси изработени од сребро, дрво, кожа, метал и ќерамика. Под мотото Ноемвриското есенско сивило ќе го разубават дизајнерите: Дарко Најдовски со Dechko Tzar (Braća Burazeri), SVbeardcare, Julija Barbun, Artist, AnArt – АнАрт (Handweaving Studio), Foreground Totebags, Глигор Кузмановски, Ани Соро, Катерина Димитровска со Luna Aditeya, Spirit of Prespa, Anechi’s Atelier и Кожарска индустрија Horvat.
- Драги љубовџии и љубовџики, базарџии и базарџики, цареви и царици, мовемберџии и мовемберџики, љубители на уникатни и рачни изработки и сите останати добри луѓе, ни претставува особено задоволство да ве поканиме на дваесет и шестото издание на омилениот ни Љубовен базар. Стартуваме точно во 17 часот. За музиката, пиењето и доброто расположение ќе се погрижат Алек Пулиос и тимот на кафе бар Љубов, а за збогатување на вашата колекција со нови уникатни парчиња, тука се нашите драги креативци-велат организаторите.
Нема коментари