Шпанскиот бренд Bimba Y Lola постои помалку од една деценија, но веќе има огромна група на обожаватели и обезбедува експресивни колекции и стилови инспирирани од уметнички и културни трендови. Рекламните кампањи на брендот исто така имаат уметнички референци или инспирација од бајки и легенди, како што е случајот и со овој lookbook за колекцијата за есен-зима 2014/15. Серијата на фотографии наречена This is a Legend е дело на уметничкиот колектив Synchrodogs, а е инспирирана од темнина, магија и митски животни. Оваа визија се надоврзува на клучниот извор на инспирација за креациите од колекцијата – средовековната ера во својот најприроден манир. Жени воини, нежни принцези и опскурни вештерки се протагонистките од зимската колекција која обилува со слоевити комбинации од атрактивни волнени парчиња, колеџ-јакни, фустани од кадифе и долги палта, во контарст со деликатен вез, реси и величествени принтови. Колекцијата на Bimba Y Lola е комплетна декларација на сила и женственост наменета за храбри жени кои не познаваат граници.
Нема коментари