Модниот бренд H&M и познатиот музички фестивал што се одржува во калифорниската долина Коачела се споија во создавањето на модна линија инспирирана од музиката. Колекцијата наречена H&M Loves Coachella содржи машки и женски парчиња кои се наменети за целодневно журкање на отворено – различни видови на шорцеви и маички со принт, фустани од тантела, горни делови со впечатлив графички принт, креации со реси, удобни блузи во вид на кимоно, машки фармерки и маички со мотив на кактус, и секако удобни обувки, очила за сонце и слоеви накит. Креациите од оваа колекција прво ќе почнат да се продаваат во Северна Америка, од 29 март во сите светски продавници на брендот, а ќе чинат од 5 до 50 долари. Со доаѓањето на пролетта почнува сезоната на музички фестивали на отворено, па ако не конкретно за Коачела, тогаш парчињата од колекцијата одлично ќе одговараат на некој друг музички настан.
Нема коментари