Иако е актуелна зимската сезона, и во тек се новогодишните празници, шведскиот бренд за секојдневна облека H&M се подготвува за сончевите денови наредната пролет. Деновиве лансира lookbook во кој се прави преглед на моделите сезоната пролет-лето 2015. Во понудата доминираат модели со сончево жолта боја, пруги и цветни дезени. Линијата содржи здолништа и фустани, како и џемперчиња за свежите пролетни денови. Моделите ги носи манекенката Хана Јиричкова.
Нема коментари