Модата наменета за на плажа е во центарот на едиторијалот „Нијанси на бои“ на брендот Масимо Дути, поставен покрај море. Фотографот Крис Колс сними фотографии со манекенките Аби Шампион и Кара Тејлор кој позираат во модели кои служат како своевиден водич на летни трендови. Тие носат неколку стилови на костими за капење и облека со флуидна силуета, некои во нив во живописна палета на бои.
Шпанскиот бренд за ова лето нуди ленени фустани, кошули, здолништа, лелеави и фустани од тенко плетиво, кратки и тенки кардигани, памучни маици и костими за капење, а од боите доминираат жолтата, портокаловата и зелената, како и неколку неутрални нијанси.
Нема коментари