Препознатлива по беспрекорен крој и креации што содржат ретро шарм, париската дизaјнерка и специјалист за невестински фустани Лор де Сагазан ја претставува новата колекција на венчаници наменета за следната година. Таа нуди поинаков изглед за невестите, романтичен и органски, удобен и ненападен, преку ретро фустани со тантела и релаксиран крој. Нејзините креации како да се создадени за девојки и жени кои претпочитаат романтични и интимни свадби.
Нема коментари