Лоти Мос, помалата сестра на Кејт Мос, која ги следи нејзините стапки во модната индустрија, се појавува во нов едиторијал на магазинот за млади, Teen Vogue. Шеснаесетгодишна Лоти, која беше регрутирана од Storm Models во Лондон, на почетокот на годинава ја имаше својата прва фотосесија за магазинот Dazed and Confused. Во новата објава во тинејџерското издание на Vogue, облечена во пролетни креации, позира на лондонските улици за фотографот Син Томас. Во интервјуто за списанието окрива дека станува збор за типична тинејџерка, што сака слични нешта како и нејзините врсници. Вели дека најчесто купува во Selfridges и Topshop, омилен музичар ѝ е Џастин Бибер… Лоти беше забележана од јавноста пред две години на свадбата на Кејт.
Нема коментари