Славниот дизајнер претставува нова ароматична колекција
„Ќе патуваме низ светот преку мојот ум и ќе доживееме седум уникатни мириси каде што ги усогласив своите соништа, фантазија и имагинација.
Без разлика дали станува збор за иконските чевли со црвен ѓон или производите за шминка со впечатливо пакување, она што го носи потписот на Кристијан Лубутан секогаш освојува место на списокот со желби на секоја жена. Истото важи и за новата колекција на мириси на куќата, Loubiworld, која ќе биде претставена овој месец.
Во рекламното видео Кристијан Лубутан е во својата работилница, каде што во еден голем котел ги меша состојките на новите парфеми. Откако ќе го заврши рецептот, пренесен е во неговиот имагинарен свет каде рибите летаат, чашите лебдат, а облаците се во форма на ананас. Се вози со црвена Веспа и поминува низ големи Лубутан чевли, а на крајот ги „запознава“ сите седум парфеми од колекцијата: Loubifunk, Loubidoo, Loubikiss, Loubirouge, Loubiraj, Loubicrown, и Loubicroc.
Секој парфем, од најлесниот до најинтензивниот, открива лична меморија, фантазија или сон. За да ги оживее овие приказни, Кристијан Лубутан соработувал со неговата многу добра пријателка Хелен Тран, чиј етеричен дизајн ги одразува и поезијата и хуморот на секој универзум. Сите седум шишиња се црвени – омилена боја на дизајнерот – и се крунисани со различно украсно капаче.Дизајните се инспирирани од места, култури, спомени и соништа кои му припаѓаат на дизајнерот Кристијан Лубутан. „Ќе патуваме низ светот низ мојот ум и ќе доживееме седум уникатни мириси каде што ги усогласив моите соништа, фантазии и имагинација“, вели тој.
Нема коментари