Следниов викенд, од 23 до 25 декември ќе се одржи зимскиот поп-ап настан и продавница именуван како PrivatePrint Weekend, просторот на студио PrivatePrint во Скопје. Ќе учествуваат македонскиот моден бренд „Лудус“ со последната колекција Emotional Landscapes, претставена премиерно минатиот месец во МКЦ, како и и младиот македонски уметник Доротеј Нешовски, со својот проект Аудиовизуелна плоча, во соработка со Александар Ордев.
Настанот се одржува во петок (23 декември) од 19 до 23 часот, и во сабота и недела (24 и 25 декември) од 12 до 20 часот. Студио PrivatePrint се наоѓа на ул. Партизански одреди 62, влез 1, стан 4 (тц Лептокарија, веднаш спроти влезот на поликлиника Букурешт).
Нема коментари