Асиметрични здолништа, винилнии мантили и фустани со ланци се дел од новата ресорт колекција на модната куќа „Луј Витон“, прикажана на ревија во еден од терминалите на њујоршкиот аеродром „Џон Кенеди“. Дизајнерот на куќата Никола Гескиер зеде инспирација и од модата од 80-тите години и ја спои со футуристички елементи со референци од филмот „Блејд ранер“. Тој продолжува да експериментира со формите и текстурите, а понуди и нови модели на LV чанти. На ревијата се појавија и познатите актерки и амбасадорки на брендот Алисија Викандер, Мишел Вилијамс, Ема Стоун и Леа Сејду, како и Кејт Бланшет, Џулиен Мур и манекенката Наталија Водјанова.
Нема коментари