• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
животен стил со... 0

Луксузните модели на Porsche сега во нов ексклузивен салон на Порше Македонија

Од stylist @StylistMKD · На септември 23, 2016

a2

Порше Македонија со гламурозна свеченост синоќа го отвори новиот продажен салон во Скопје во кој ќе се продаваат ексклузивните модели на Porsche: Boxster 718, Cayman 718, 911 Carrera, Panamera, Cayenne и Macan. Компанијата, покрај салоните за брендовите: Volkswagen, Skoda, Audi и SEAT, ја прошири својата листа со салон за супер спортските автомобили на Porsche

 Луксуз, моќ, квалитет, дизајн и технологија, се едни од главните карактеристики на новиот продажен салон на Porscheкој со гламурозна свеченост синоќа беше отворен во Скопје. Porsche е повеќе од супер бренд, маркантното име кое се поврзува со традиција во создавање на најдобри светски спортски автомобили, моќни спортски мотори, софистицирани системи во кои се вградени последните достигнувања на науката и техниката,  но пред се, Porsche е дефиниција за перфекција и престиж, фантастичен дизајн, раскошни перформанси и бескрајно уживање во возењето.Пред гостите од земјава и од странство, Порше Македонија ги отвори вратите на новиот Порше Центар Скопје, во кој ќе бидат изложени и ќе се продаваат најновите модели на брендот Porsche.

Модерната зграда во која е сместен салонот е дизајнирана според сите стандарди на брендот Porsche. Изложените возила се наменети за сите љубители на спортските автомобили кои што сакаат луксуз, уникатност и авантура, но истовремено бараат и докажан квалитет. Во целост, новиот продажен салон на Porsche нуди спортски автомобили од светскиот супер бренд, како и врвна грижа и услуга за клиентите.

od-levo-markus-ekerman-zlarko-mucunski-i-alen-favej

Маркус Екерман, Златко Муцунски и Ален Фавеј на отворањето на новиот Порше Центар Скопје

 Перформансите што ги нуди Порше Центар Скопје синоќа пред гостите беа претставени со ексклузивни 3D проекции. Со овој модерен пристап на претставување пред клиентите, соработниците и партнерите, Порше Македонија уште еднаш докажа дека е на врвот во автомобилската индустрија во земјава.

Генералниот менаџер на Порше Македонија, д-р Златко Муцунски, обраќајќи им се на присутните на отворањето истакна дека грандиозното дело е плод на заедничкиот труд на посветениот тим во Македонија, поддржан од Порше Холдинг Салцбург и Порше АГ Штудгарт.

 „Нашите клиенти, љубители на спортските автомобили бараат свој простор. Место каде Porsche автомобилите ќе им бидат на дофат на раката, ќе се чувствуваат удобно, ќе можат да го вдишат духот на Порше, неговата динамика и повик за авантура. Порше стои за бескомпромисна извонредност кај спортските автомобили и за него го создадовме овој дом. Место кое ќе ве предизвика, возбуди, инспирира, совршен амбиент во безвременскиот стил и дух на Порше. Со тоа, Порше го пишува новото поглавје во автомобилската индустрија во Македонија“ - истакна господинот Муцунски.

 a6

Маркус Екерман, генерален менаџер на Порше за Централна и Источна Европа потенцираше дека Porsche остварува резултати подобро од кога било и го изрази задоволството што брендот ќе биде претставен во Македонија со салон кој ќе нуди целосна услуга.

„Porsche поставува нови рекорди според бројот на продадени автомобили и започнува ново поглавје во историјата на спортски автомобили со електричен погон. Porche Mission E ќе биде достапен на крајот од ова декада. Се тоа ќе имаме огромни резултати и влијание на светските пазари, како и на македонскиот пазар. Би сакале да им се заблагодариме на нашите партнери – Порше Македонија и Порше Холдинг Салцбург за нивната посветеност, а на сите вработени во Порше Скопје им посакувам многу среќа и успех.“ – изјави господинот Екерман.

Ален Фавеј, извршен директор на Порше Холдинг Салцбург, истакна дека холдингот со кој раководи денес е најголемата автомобилска продажна компанија во Европа, присутна во 22 земји на стариот континент, а исто така и во Кина, Јужна Америка и Малезија. Порше Холдинг ги претставува брендовите на групацијата Volkswagen, во големопродажба, малопродажба и во финансиски услуги.

a14

„Концентрирани сме на задоволството на нашите потрошувачи при искуството со нашите автомобили, во продажбата и пост-продажбата. Да имаат најдобра можна услуга во секој сегмент од нивното искуство. Овие постојани напори низ годините нѐ доведоа до денешниот момент кога имаме можност, на наше огромно задоволство, да го најавиме отворањето на најновиот салон на Порше во Скопје. Сигурни сме дека со оваа инвестиција во прекрасно здание, ќе можеме да им понудиме најдобро искуство на клиентите на Порше во Македонија“ – изјави господинот Фавеј.

Порше Македонија повеќе една деценија е присутна на македонскиот пазар. Во изминатите години компанијата постави нови стандарди во автомобискиот бизнис, при што го потврди и го задржа статусот на лидер во продажбата на нови возила со најголем удел на македонскиот пазар. Истовремено, компанијата изгради препознатлив бренд што ги спојува искуството на долгогодишната традиција, супериорниот квалитет и иновативната технологија.

 

911 CarreraBoxster 718CayenneCayman 718MacanPanameraавтомобилиживотен стилЗлатко МуцунскипоршеПорше Центар Скопје„Порше Македонија“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 животен стил со...

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

  • winter festival животен стил со...

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

  • Poster-so-logoa-story_1 животен стил со...

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics