• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Lush ги напушта социјалните мрежи Facebook, Instagram, TikTok и Snapchat

Од stylist @StylistMKD · На декември 1, 2021

IMG_5795

Од 26 ноември 2021 година, брендот Lush глобално им сврти грб на Instagram, Facebook, TikTok и Snapchat, сè додека тие платформи не преземат чекори за обезбедување на безбедна средина за нивните корисници. Оваа политика станува активна во сите 48 земји во кои работи Lush. Според нив, на ист начин како што доказите за климатските промени беа игнорирани и минимизирани со децении, се игнорираат и сериозните последици од социјалните медиуми. Lush, како добро познати лидери, а не следбеници, одлучија да го привлечат вниманието кон овој сериозен проблем и да започнат со менување на праксата, не чекајќи некој друг да адресира каде е вистинскиот проблем. 

- Како иноватор на бомбите за во када, давам сè од себе за да креирам производи кои им помагаат на луѓето да се исклучат, да се опуштат и да се погрижат за својата добросостојба. Платформите на социјалните медиуми станаа антитеза на таа цел, креираа алгоритми за луѓето постојано да скролаат со што им се оневозможува да се исклучат и опуштат, Џек Константин, ЦДО и пронаоѓач на производи. 

Ние не би ги поканиле нашите клиенти на средба во темна и опасна улица – а некои од социјални медиуми стануваат токму места каде никој не треба да се охрабрува да оди. Нешто мора да се промени. Се надеваме дека платформите ќе претстават засилување кон насоките за најдобрите практики и дека ќе бидат донесени меѓународни регулативи. Но, ние не можеме да чекаме. Се чувствуваме принудени да преземеме свои активности за да ги заштитиме нашите клиенти од штетните влијанија и манипулации, што може да ги искусат кога се обидуваат да се поврзат со нас, преку социјалните медиуми. Затоа, Lush ќе се одјави од Facebook, Instagram, TikTok и Snapchat, сè додека овие платформи не станат безбедни за нивните корисници. 

- Го поминав целиот мој живот во избегнување на употреба на штетни состојки во своите производи. Сега постојат бројни докази дека се наоѓаме во ризични ситуации додека ги користиме социјалните медиуми. Јас не сум подготвен нашите клиенти да ги изложувам на такви ризици, така што е дојдено време да ги отстраниме од формулата, Марк Константин,  ОБЕ, ко-основач, извршен директор и пронаоѓач на производи. 

Ветуваме дека нема во потполност да станеме анти-социјални. Ќе направиме сè што можеме за да најдеме нови начини за поврзување, да изградиме подобри канали за комуникација на друго место, користејќи стари и докажани рути. Засега, може да нè најдете на Твитер и на Јутјуб – нема потреба да лајкувате, претплатите или вклучувате известувања, луѓето можат да одат за да проверат што има ново кога сакаат. 

Секогаш имаме многу што да кажеме, но кога ќе се качиме на говорницата, сакаме таа да биде безбедна. 

  

За Lush   

Кога станува збор за козметика, Lush е познат по тоа што ги прави работите поинаку – без разлика дали се работи за осмислување на нови производи во кои што ќе се редуцира употребата на непотребните пакувања, спроведувањето на кампањи, што откриваат досега нераскажани приказни, или пак, во подигнувањето на стандардите за тоа како може да изгледа и да и да се чувствува искуството при малопродажба. Во суштина, Lush има цел да даде повеќе отколку што зема од општеството и од околината. А, во светот во којшто технологијата стана важен дел од сечие работење, природно е Lush да поттикнува најдобри пракси кога е во прашање и дигиталната етика. 

Технологијата не мора да биде неетична; таа може да придонесува за општото добро и да влијае на позитивните општествени промени. Ние во Lush сакаме свет во кој свежата и рачно направена технологија е осмислена за регенерација, а не за уништување. Подготвени сме да започнеме дигитална револуција. 

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2 моден монитор

    Добротворна модна аукција „Fashion with a Cause“ во рамките на Моден викенд Скопје

  • 1fwsk моден монитор

    Петтиот ден на FWSK31: Од булинг до убавина, модата како јазик на промена

  • 1 Irina Tosheva workshop моден монитор

    Мода што трае: 31. Моден викенд Скопје започна со приказни за создавање, поправка и повторно раѓање на стилот

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1stefanija

    Модна колекција „Вечност“ на Стефанија Насеска инспирирана од златните маски од Требеништа

    ноември 13, 2025
  • Фестивал на чај

    Од 14 ноември „Фестивал на чај“ под слоганот „Вкуси ја хармонијата на билките“ во Скопје сити мол

    ноември 12, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 2

    Добротворна модна аукција „Fashion with a Cause“ во рамките на Моден викенд Скопје

    ноември 6, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025

Култура

  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics