• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Мода што трае: 31. Моден викенд Скопје започна со приказни за создавање, поправка и повторно раѓање на стилот

Од stylist @StylistMKD · На октомври 31, 2025

1 Irina Tosheva workshop

Скопје повторно го живее пулсот на модата. Со своето 31-во издание, Моден викенд Скопје (FWSK) – најзначајната модна платформа во земјата, под слоганот „Одржлива мода и креативна традиција – развој на иновативни практики во македонската модна сцена“ – ја отвори новата сезона со два настана што ја претвораат теоријата на одржливост во вистинско искуство.

Во време кога глобалната индустрија зборува за рециклирање и повторна употреба, FWSK powered by UNIBank го претвора зборот одржливост во практика, покажувајќи дека модата има моќ не само да инспирира, туку и да едуцира и трансформира.

Од „старо“ до уникатно: работилницата на Ирина Тошева и „Ништо ново“

Првиот ден, модната приказна започна во Центарот за поправки „Ништо ново“, каде што Ирина Тошева ја водеше работилницата „Од стара облека до уникатен моден додаток“.

Под нејзино менторство, учесниците ги претвораа заборавените парчиња ткаенина во нови модни изрази – ташни, обетки и детали што носат лична енергија и потпис.

2 Irina Tosheva workshop1

Тошева, позната по својата етичка и одговорна естетика, повторно покажа дека модата не е само дизајн – таа е процес на грижа, љубопитност и повторно вреднување на материјалот.

Работилницата ја спои креативноста со одговорноста, потсетувајќи дека секое парче има своја приказна и дека вистинскиот луксуз лежи во времето и вниманието што го вложуваме во него.

„Нишки од природата“: кога занаетот станува современа уметност

Вториот ден, фокусот се префрли во Македонско Етно Село, каде што Изабела Соколовска, креаторка и менаџерка на социјалното претпријатие Еснаф Хендмејд, ја водеше интерактивната работилница „Нишки од природата“, поддржана од Green Land Group.

Вториот ден, фокусот се префрли во Македонско Етно Село, каде што Изабела Соколовска, креаторка и менаџерка на социјалното претпријатие Еснаф Хендмејд, ја водеше интерактивната работилница „Нишки од природата“, поддржана од Green Land Group.

Во атмосфера што ги спојуваше природата, традицијата и современиот дизајн, младите учесници работеа со растението јука (Jukka), експериментирајќи со неговите влакна и природната боја како алтернатива на индустриските текстилни материјали.

5 ESNAF IBU1

Процесот опфати рачна обработка на листовите, извлекување на влакна и бојадисување со природни пигменти, со што секој учесник создаде свој мал фрагмент на одржлив текстил инспириран од природата.

Како дел од иницијативата „Мода и занаети: FWSK“, студентите и професорите од International Balkan University (IBU), во соработка со Еснаф, создадоа рачно ткаен тепих во големи размери, користејќи ја техниката на ткаење со јамки – метод што ја слави тактилноста, повторливиот ритам на изработката и поетиката на рачната работа.

Тепихот, кој ќе биде претставен во рамки на изложбата Fashion & Craftsmanship, симболично ја обединува идејата за заедничко создавање – мост меѓу традицијата и современиот дизајн.

4Esnaf workshop2

Одржливост, едукација и младински дух

Во рамки на првите два дена, учесниците имаа можност да се сретнат и со тимот на UNIBank, генералниот партнер на Fashion Weekend Skopje, кој ги претстави можностите на UniQ пакетот за млади – иницијатива што ја поттикнува финансиската писменост, самостојноста и креативниот дух на новата генерација.Со тоа, FWSK уште еднаш ја потврди својата мисија да биде повеќе од модна платформа – место каде што се среќаваат идеите, образованието и економијата на иднината.

Овие две работилници го отворија FWSK31 како лабораторија на идеи што покажува дека одржливоста не е само материјален избор, туку начин на размислување – каде секој конец, секој детал и секој допир се дел од поширока приказна за грижа, иновација и култура.

Овие активности се реализираат во рамки на проектот „Одржлива мода и креативна традиција – развој на иновативни практики во македонската модна сцена“, поддржан од Министерството за култура и туризам.

(ПР објава)
Фото: Дејана Павловска

3irinatoshevaworkshop

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • sarastoi моден монитор

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6 моден монитор

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics