Белгискиот дизајнер Дрис Ван Нотен препознатлив по уникатниот микс на принтови прикажа уште една маестрална игра на материјали и шари, збогатена со богат избор на мотиви, бои и текстури во новата колеција за пролет-лето 2016. Колекцијата е сконцентрирана околу темата на табу, која според дизајнерот има многу референци, но сепак постојат работи кои нормално не ги правиме. Ван Нотен ги зема сите можни вибрантни колор комбинации и изболието од органски и графички шари и ги носи до ивицата на табуто. Ексцентрично?! „Ексцентрично може да биде некоја тажна стара дама со дваесет и пет мачки. Надмената „флембојант“ дама е жена која живее. Таа носи чудна облека и се осмелува и се забавува“, вели дизајнерот. Во ваква облека ексцентричната жена секако се забавува.
Нема коментари