• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Дизајнерката Маја Кироска отвора свое ателје во Тетово

Од Ана Несторовска · На септември 24, 2014

maja kiroska3
Сонот да отвори свое ателје во родното Тетово креаторката Маја Кироска, која се има школувано моден дизајн во Љубљана, ќе го оствари денеска во 19 часот. „Ателјето Кироска“ ќе ги отвори вратите за сите љубители на модерниот дизајн и за клиентите, што Маја ги стекна изминативе години.
-Последиве две години работата ме задржа во родното Тетово,  каде што стекнав голем број на верни клиенти и со таа цел ателјето го отворам токму таму. Но, во тек се преговори со соработници од  Србија и од Словенија, па се надевам дека наскоро неколку венчаници и фустани со мој потпис ќе бидат достапни и таму. Просторот го уредив и наменив за средби со моите клиенти, реализација на проби за тековните порачки на венчаници и фустани, но истотака ателјето ќе биде и од продажен карактер,за почеток ќе бидат изложени три изработени модели на венчаници (колку што дозволува просторот), преку нив застапени се три различни стилови т.е три различни типови на невести. Од изложените модели новите клиенти ќе бидат во можност да го видат начинот на изработка, да се уверат во квалитетот на истиот, а што се однесува до дизајнот, секогаш се трудам да ги задоволам желбите на клиентките, задржувајќи го професионалниот однос и убав дизајн- вели Кироска.

kiroska

Засега во ателјето се продаваат само креации од Маја, но во иднина сака да ја прошири понудата со креации од други дизајнерски имиња.
-По природа сум личност што е отворена за соработка верувам дека понатаму во моето ателје понудата ќе биде збогатена со по некој производ на домашни и странски дизајнери, првенствено дизајнери на накит ( модни додатоци)-вели таа.

maja-kiroska-5

Маја студирала на Технолошкиот факултет во Љубљана, кој што е високо рангиран во светот и нуди одлично знаење од областа на текстилот. Студиите биле комбинација од технологија, природни науки и уметност. Сега е дипломиран инженер по дизајн на текстил и облека. Уште за време на школувањето во Љубљана се интересирала за проекти надвор од рамките на факултетските обврски, па така,  во втора година учествувала на манифестацијата „Модест“, која се одржуваше во рамките на „Саемот за мода“ во Скопје. Поставила свој сопствен штанд со три креации на мали црни фустанчиња.
-Уште на отворањето на мое големо и пријатно изненадување го продадов првото парче и тоа на тогашниот амбасадор на Австрија во Република Македонија. Тоа беше една голема потврда и мотивација за мене како млад дизајнер и добар епилог на моето прво јавно претставување во Македонија.
Нејзина втора јавна промоција во Македонија беше лани, на новогодишната поп-ап продавница во „ДомИталиjа“ во организација на „Лудус“. Во Љубљана покрај самостојната работа често соработувала и со словенечите дизајнери и придонесувала за тамошната модна сцена. Има работено како стилист во најпрестижната мулти-бренд продавници во Словенија, „Галерија емпориум“.
-Работев со врвните брендови за женска облека како сто се „Александар Меквин“, „Кензо“, „Роберто Кавали“, „Етро“, „Армани“, „Версаче“ и со клиенти од повисоките слоеви. Тоа ми помогна да го истенчам својот вкус за квалитетот на изработката и уникатноста на кројот на дизајнерското парче облека-ни изјави таа.

maja-kiroska1

На 18 години заминала да студира во Љубљана-град за кој знаела само дека е главен град на Словенија. Но, брзо се снашла и не наишла на некои поголеми потешкотии.
-Дружењето, соработката со неколку млади словенечки дизајнери и трудољубивоста ми помогнаа да се пробијам. Сега сум во постојан контакт со некои од нив и договарам следни проекти меѓу кои е промоцијата на мојот бренд таму, меѓутоа засега приоритет ми е промоцијата тука, бидејќи сметам дека за еден млад творец е најважно е признанието од сопствениот народ-вели таа.
Модната приказна на Маја почнала уште во детството, со остатоците од материјалите од кои шиела нејзината баба, која инаку била самоука шивачка. Приказната продолжила во атељето на нејзината мајка, која е дипломиран инженер по конфекциска технологија во Белград и која безрезвно ми го пренесува сето искуство со кое се има здобиено во текот на нејзината долгогодишна работа. Маја беше дел од тимот одговорен за костимографијата на една од најпопуларните хумористични ТВ-шоуа на најгледаната приватна телевизија во Љубљана. Исто така ги дизајнира костимите за главните улоги за балетската претстава „Моќта на куклите “ на балетското студио „Менада“ од Тетово.

ЉубљанаателјеМаја Кироскамакедонски дизајнериТетово
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics