• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
досие 0

Македонски манекени во светски модни кампањи

Од stylist @StylistMKD · На август 27, 2018

elena massimo5

Во светот на манекенството да се биде лице на рекламна кампања е исклучително важно и во светски рамки неретко успехот се брои според бројот на снимени кампањи. Успех е и кога македонските маненекените кои што градат светска кариера ќе се најдат во некоја интернационална модна кампања. Алек Наумовски од модната агенција „Моделс ин“ направи преглед на поновите ангажмани на моделите од неговата агенција кои се појавуваат во светски промотивни кампањи.

Screenshot_2017-11-11-22-08-31-1

Елена Реи за Cerruti 1881

„Сите сакаме да гледаме убави и впечатливи модели во модните и рекламни кампањи кои нè опкружуваат. Секој посакува да биде главен лик на постерите и билбордите и токму затоа секој модел сонува да фати некоја добра кампања. За некои од нашите модели тоа се веќе остварени желби, или барем за оние кои веќе се имаат етаблирано како професионални модели со интернационална кариера. Нашиот топ модел Елена Реи во моментов е актуелна со кампањата за Cerruti 1881 и може да ја видиме на реклами во сите главни европски центри. Покрај тоа нејзиниот лик преку кампањата за накит Belpearl ги красеше саемите во Копенхаген, Мјанмар и Џакарта – вели Алек.

elena neshova

Јована Нешова е заштитно лице на козметичката куќа Bleunuit

Елена Реи изминатиов период сними и други кампањи меѓу кои се оние за Massimo Dutti и за Samsung. Алек ја издвои и Јована Нешова која веќе три години гради интернационална кариера, а неодамна беше во центарот на вниманието со нејзината кампања за козметичката куќа Bleunuit и со нејзиниот лик на билбордите го разубавуваше центарот на Шангај и на Пекинг. Од машките модели ќе го спомнеме Павле Николовски кој пред само два месеца беше заштитно лице на брендот Barbosa, па неговиот лик го преплави Балканот.

pavle nikolovski (2)

Алек Наумовски горд на успехот на Павле Николовски како заштитно лице на брендот Barbosa

На сите тројца матична агенција им е „Моделс ин“ од Скопје, а нивниот менаџер и букер Алек ќе рече: „Јас сум повеќе од среќен и нескромно горд на нив, нивниот успех е порака дека сум на вистинскиот пат да работиме уште повеќе за да ги гледаме и во иднина нашите топ модели насекаде низ светот. Нивниот успех секако се запишува во историјата на македонската мода“.

elena samsung

Елена Реи (во средина) во кампања на Samsung

elena neshova 1

Лицето на Јована Нешова на билборди низ Кина

elena rei

Елена Реи го рекламира и накитот на Belpearl

pavle nikolovski 2

Павле Николовски во реклама на брендот Barbosa

Јована НешоваАлек НаумовскиЕлена Реимакедонска модамакедонски манекениМоделс ИнПавле Николовски
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 3 досие

    Златни правила за шопинг според Французинките

  • 4 pariski stil досие

    Модни правила кои ќе ви го доближат парискиот шик стил

  • BL5LM5Z7JRFYDLYO2B3O5RCUDY досие

    Приказната за црната вдовица Патриција Гучи

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • mugler6

    Грациозната Џоја во светска кампања за L’Oréal x Mugler

    октомври 13, 2025
  • ????????????????????

    Модата како јазик на промените – Моден викенд почнува на 29 октомври

    октомври 9, 2025
  • ???????????????????????????

    Во Штип ќе се одржи модниот настан Shtip Fashion Days 2025

    октомври 7, 2025
  • esenski bazar

    Есенски базар за поддршка на современите занаетчии

    октомври 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025

Култура

  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics