Денес е вистински ден да се потсетиме на уметничко-архитектонското ремек дело на тандемот Јордан и Искра Грабулоски – споменикот „Илинден“ или повеќе познат како „Македониум“ во Крушево. Отворен на 2 август 1974 година, на 30-годишната од прославувањето на АСНОМ и на 71-годишнината на Илинденското востание, овој футуристички споменик со необични краци се смета не само за еден од највпечатливите градби во Македонија, туку и за едно од најоригиналните архитектонски градби во светот.

„Македониум“ дел од изложбата Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980 во Музејот на современа ументст во Њујорк
Оваа модернистичка експресија на брачниот пар Грабулоски, составена од белата срцевидна градба со овални прозори и колоритни витражи, како и од придружните елементи од овој споменичен комплекс, како раскинатите пранги, криптата и амфитеатарот опкружен со шарените релјефи, се предмет на разгледување на многу светски публикации за дизајн и архитектура, а „Македониумот“ е дел од големата исложба за архитектурата во Југославија, што во моментов е отворена во престижниот музеј МоМА во Њујорк.
Нема коментари