• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
музика 0

Македонска филхармонија, Џијан Емин и Хуан Аткинс на музички спектакл на 2 август во Охрид

Од stylist @StylistMKD · На јули 31, 2018

filharmonija juan atkins

Македонска филхармонија под диригентската палка на Џијан Емин и американскиот диџеј Хуан Аткинс, ќе го направат најдоброто музичко искуство со единствен и несекојдневен спој на електронска и класична музика. Овој ексклузивен настан ќе се случи во Античкиот театар во Охрид на 2 aвгуст, од 22.00 часот

Тричасовниот музички сет на револуционерот во техно музиката, диџејот Хуан Аткинс заедно со еден од најзначајните музичари на македонската современа сцена, Џијан Емин и мајсторството на Македонската филхармонија, преку квалитетниот звук, визуелните, ласерски форми и артистичка игра на светла и бои, ќе понуди забава со исклучително доживување за сите сетила. Во текот на истата вечер забавата ќе продолжи со after сетот на диџеј Jeff Mills на Плажата Парк.

Организатори на настанот се Izlet Music, Music Incubator, Balance, Sektor 909 поддржани од музичката платформа NEULAND, „Создадовме настан што ќе биде вистинско уживање за публиката, несекојдневно и досега единствено искуство кај нас. Спојот на електронската и класичната музика е само основата од која ќе произлезе мултисензорно доживување и мултимедијален настан што долго ќе се памети. Ние сме веќе подготвени за забавата што ќе ги раздвижи сите сетила и ќе доведе до едно ново доживување преку квалитетен звук, визуелни форми и несекојдневни искуства“, изјави Огнен Узуновски Оги, на денешната прес конференција.

За џинот на Македонска филхармонија, маестро Џијан Емин, соработката со светски реномираниот диџеј Хуан Аткинс не е новитет.

„Досегашната соработка што ја имаме со Хуан Аткинс, ветува дека ќе направиме вистински музичкиот спектакл. Ова ќе биде нов начин да се доживее и почувствува музиката и нејзината моќ. Направивме спој на неколку различни медиуми за пренесување емоции и токму тоа за присутните ќе значи мултисензорно доживување. За мене и за колегите од Македонската филхармонија е предизвик, но исто така и чест што учествуваме во создавањето на ваков, исклучителен и уникатен настан, за каков што македонската публика долго време копнее. Ќе биде искуство што не треба да се пропушти“, изјави диригентот Џијан Емин.

Како главна сензација на ова необично музичко шоу, се издвојува оркестарот на Македонска филхармонија.

„Македонска филхармонија досега многу пати ја покажала својата виртуозност во секој музички израз, па оттука и учеството во овој настан за нас е уште една потврда за подготвеноста да следиме нови трендови во концертната уметност и со тоа создадеме ново музичко искуство за граѓаните. Создадовме дело што оди ниво погоре во концертната класична музика и момент за препуштање на естетика, каде што музиката ќе може непосредно да се види, слушне и доживее“, изјави Виктор Илиески, директор на Македонска филхармонија.

Светски познатиот креатор на електронската музика, диџејот Хуан Аткинс, ќе овозможи класичната музика да добие една поинаква димензија, поддржана од електронски призвук.

„Создавањето различни музички изрази е главниот предизвик што постојано ме движи низ нови димензии и ми помага да го разбудам чувството на слобода и адреналин кај публиката. Токму такво искуство, заедно со мојот пријател и соработник, маестралниот Џијан Емин и оркестарот на Македонската филхармонија ќе овозможиме на овој настан. Особено ме радува фактот што македонската публика знае да го препознае и доживее квалитетниот музички звук. Ослободување од секојдневниот стрес и владеење на најубавите емоции, музичка адреналинска еуфорија и доживување на перформансот преку аудио-визуелни ефекти е она што ќе може да го искусат љубителите на несекојдневни музички спектакли“, изјави диџеј Хуан Аткинс.

Настанот е поддржан од Neuland, мултисензорната платформа, посветена да создава необични музички и уметнички искуства и со тоа ќе биде редефинирање на начините за уживање во секој музички израз и изведба.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1hugel музика

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

  • pmg музика

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

  • milko музика

    Инди-рок бендот „Милко“ се враќа на сцената со новиот сингл „Тажен понеделник”

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics