• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
уметност 0

Македонскиот павилјон „Оваа зграда зборува (на) вистина” добитник на главната награда на Прашкото квадриенале 2019

Од stylist @StylistMKD · На јуни 12, 2019

makedonski paviljon (2)

Павилјонот на Република Северна Македонија со наслов „Оваа зграда зборува (на)вистина” на вчерашното доделување на наградите на Прашкото Квадриенале за перформанс дизајн и простор (6-16 јуни 2019 година) ја доби главната награда „Златна Трига“ која се доделува за најдобра изложба и претставување на оваа манифестација. „Оваа зграда зборува (на)вистина“ е дело на уметникот Филип Јовановски и кураторката Ивана Васева, продуцирано од Музеј на град Скопје и неговата директорка Фросина Зафировска и беше во конкуренција со 79 земји од светот.

Интернационалното жири гласаше во широк спектар на категории, вклучувајќи изложбено искуство, најветувачки студент талент, најдобар кураторски концепт или награда за животно дело – вкупно 28 награди. Жирито на Прашкото квадриенале во 2019 година се состоеше од Дорита Хана, Тим Фостер, Џим Клејбург, Лиу Ксинглин, Софија Пантуваки, Роберт Капловиц, Јарон Абулафија, Содја Лоткер, Омар Рајех, Моника Раја и Кејт Бејли. Наградата ја дизајнираше архитект Петр Бакош. Според статутот на ПК, наградите ги доделува Министерот за култура на Чешката Република по препорака на меѓународното жири, со исклучок на ПК Младинска награда, која директно ја доделува младинската публика.

makedonski paviljon (4)

Објаснувањето на жирито за престижната награда за „Оваа зграда зборува (на)вистина“ вели: „Оваа изложба е повеќеслојна заедничка работа која ги спојува многуте форми на сценографии: простор, сцена, изложба, меморија, заедница и комуникација. Тоа покажува како перформансите активираат изложбен простор, како дизајнот поттикнува наратив и сценографијата станува активизам во и надвор од политичкиот контекст. Златната Трига оди кај Република Северна Македонија“.

Павилјонот „Оваа зграда зборува (на)вистина“ се состои од просторна инсталација со перформативен дел со актерката Кристина Леловац, која е дел од „Изложбата на земји и региони“ и се изведува секој ден од 13 часот; кратко видео насловено „Кино Култура“ кое е дел од архитектонската изложба на простори за изведувачки уметности (Performance Space Architecture Exhibition) и двојазична публикација.

makedonski paviljon (1)

Публикацијата за овој проект, уредена од Ивана Васева и Филип Јовановски, претставува зборник од текстови на неколку истакнати автори од областа на визуелните уметности, перформансот, театарот, архитектурата и културните политики, како Биљана Тануровска Ќулавковски, Борис Бакал, Оливер Фрљиќ, Ана Виленица, кураторски текст на Ивана Васева, осврт на сите активности од иницијатвата „Кога зградите би зборувале“ на Филип Јовановски, интервју со Кристина Леловац, текст за архитектурата на Железничка зграда од Томе Димитриевски како и анкета со жителите на Железничка зграда спроведена од организацијата „Факултет за работи што не се учат (ФР~У)“ во соработка со Симона Димковска, Марија Гелмановска и Јана Кастратовиќ.
На отворањето на павилјонот на 7 јуни настапуваше Телемама.

Павилјонот на Република Северна Македонија на Прашкото квадриенале насловен „Оваа зграда зборува (на)вистина“ се перформира во размер 1:100 како едно кондензирано искуство од минати активности, како архива од повеќе времиња кои би требало и во живо да ни кажат: Ако успееме овде, можеме да успееме секаде! А токму тоа е и дизајнот на перформативната агонистичка заедница.

Проектот е поддржан од Град Скопје и Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Соработници: Кристина Леловац, Биљана Тануровска Ќулавковски, Драгана Заревска, Владо Караев, Анџела Петровска, Виолета Качакова, Слободан Унковски, Борис Бакал, Симона Димковска, Марија Гелмановска, Јана Кастратовиќ, Томе Димитриевски, Ана Виленица, koma.mk, Јасмина Ѓоргиева, Бехар Далипи, Ана Василева.

Продукција: Илија Тирицовски, Горјан Атанасов, Марко Наумовски, Сашко Потер Мицевски, Александар Котевски, Стојанче Цавировски, Владо Димоски, Тони Трајковски (Дизајн на конструкции дооел, Скопје), Иванчо Велков, Мембранинг студио, Скопје.

makedonski paviljon (3)

Изведбениот дел од павилјонот предизвика голем интерес кај публиката на квадриеналето. Секојдневната енергична и посветена изведба на актерката Леловац ја комплетира сликата за просторно изведбениот проект кој жирито го оцени како најсоодветен за овогодншната тема.
Поради големиот интерес за перформансот и по барање на организаторите и жирито, најавени се повеќе од една изведба дневно.

Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор е основано во 1967 година со идеја да се прикаже најдоброто од перформанс дизајнот, сценографијата и театарската архитектура како значаен дел од културните активности кои треба да бидат искусени од професионалните и младите уметници, како и пошироката јавност. Квадриеналните изложби, фестивали и образовни програми дејствуваат како глобален катализатор на креативниот напредок преку поттикнување на експериментирање, вмрежување, иновации и идни соработки. ПК има за цел да им оддаде чест, да ги поттикне и да ја прослави работата на дизајнерите, уметниците и архитектите додека инспирира и едуцира публика, кои се најважен елемент во која било изведба во живо.

Прашкото квадриенале се стреми да го презентира перформанс дизајнот како уметничка форма која се занимава со создавање на активни перформативни средини, кои се многу подалеку од само декоративни или убави, туку емотивно обликувани, каде што дизајнот може да стане потрага, прашање, аргумент, закана, одлука, агент на промени или провокација. Перформанс дизајнот е колаборативно поле каде дизајнерите се мешаат, осигуруваат и замаглуваат линии меѓу повеќе уметнички дисциплини за да бараат нови пристапи и нови визии.

Прашкото квадриенале организира голема програма на интернационални проекти и активности помеѓу главните квадриенални настани – перформанси, изложби, симпозиуми, работилници, резиденции и образовни иницијативи кои служат како интернационална платформа за истражување на практиката, теоријата и образованието на современиот перформанс дизајн во своите најшироки термини.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • ПОЗИВ уметност

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

  • msu уметност

    „МСУ – Скопје ремек дела за сите“, единствен македонски проект избран од „Фондот за културно наследство Хедли за Југоисточна Европа“

  • Prague-1 уметност

    По Кунстхале Виена, изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје” се отвора во Прага

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 2

    Добротворна модна аукција „Fashion with a Cause“ во рамките на Моден викенд Скопје

    ноември 6, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • 1fwsk

    Петтиот ден на FWSK31: Од булинг до убавина, модата како јазик на промена

    ноември 3, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • 1 Irina Tosheva workshop

    Мода што трае: 31. Моден викенд Скопје започна со приказни за создавање, поправка и повторно раѓање на стилот

    октомври 31, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025

Култура

  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics