Пример за функционален, но кул, современ, но безвременски стил – со овие зборови шпанскиот бренд Манго нè запознава со својата нова кампања наречена City Animals (Градски животни), за да покаже дека омилените трендови на оваа есен-зима 2020/2021 можат да бидат урбани, кул и многу разноврсни. Според брендот оваа нова колекција ја обединува азбуката на модерен урбан стил: удобност, едноставност и разноврсност. Палетата на бои се заснова на неутрални тонови, силуетата е релаксирана, а истакната е играта на текстури.
Кампањата е фотографирана во урбан стил и дел во градска атмосфера, а колекцијата се осврнува на неколку тенденции – долги и волуменозни капути со машки крој, комбинации од џемпер и сако, креации од кожа, топли јакни, широки панталони, груби чизми, односно облека и додатоци кои ќе ги носиме секој ден и во нив ќе ја извршуваме нашата дневна рутина.
Нема коментари