Модниот бренд Манго продолжува да биде посветен на одржливоста и во новата колекција од линијата Mango Committed нуди дизајни со достапни цени кои имаат многу малку лошо влијание врз животната средина. Манго порачува „Драга плането, ние сме посветени. Оваа сезона, 79% од облеката од Mango Committed линијата има одржливи својства, компанијата очекува бројката да достигне до 100% до 2022 година“. Брендот исто таа најави дека планира до 2025 година да користи само 100% одржлив памук и 50% рециклиран полиестер. Сите материјали треба да бидат со контролирано потекло.
Манго во новата Committed колекција користи природни ткаенини како лен и памук, одржливи влакна добиени преку одговорни процеси, а продолжува да се залага да користи рециклирани материјали од картон и сертуфицирани целулозни влакна.
Во кампањата за пролетната Mango Committed колекција се појавуваат моделите Фелис Нордхоф и Хамид Онифаде, а фотосесијата е направена на локација во Мајорка, Шпанија, од страна на Ронан Галагер.
Нема коментари