Манекенката Аризона Мјуз се појавува во новата кампања на брендот Mango за одржливата колекција Mango Committed наменета за пролет-лето 2018 во која се користат еколошки прифатливи материјали како органски и рециклиран памук, рециклиран полиестер и Tеncel. Инспирирана од природата и фотографирана во природа, оваа колекција на Mango е во знакот на лежерност и едноставни кроеви, женственост и карнери, класични мантили и кошули, костими и комбинезони, нежни фустани со тенки прерамки… Боите се „позајмени“ од природата, тоа се неутрални тонови како беж, маслинесто зелена, жолта и светлокафена, а дополнето со црната.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари