Животот е сладок со новата колекција на Манго за лето 2022 илустрирана преку кампањата Dolce Vita. Додека го впива сонцето меѓу палми во амбиентот на познатата футуристичка куќа близу Кан што некогаш ја поседуваше модниот дизајнер Пјер Карден, супермоделот Каролин Трентини позира во оваа модна фотосесија носејќи облека со психоделични принтови и живи бои.
Приказната е фокусирана на есенцијални модни парчиња инспирирани од 60-тите години. Плисираните фустани, панталоните со широки ногавици и метализираните маици особено потсетуваат на модата од таа декада. Колекцијата содржи и лелеави блузи, комбинезони, панталони и мини здолниша со принт, потоа бели костуми, облека со светки, фустани со гол грб, широки фармерки со шара, сребрен фустан спремен за некоја вечерна забава. Боите се весели и живописни, како што се пастелно розовата, минт-зелената, океанско сината и пурпурно виолетовата.
Нема коментари