Шпанскиот моден бенд „Манго“ ја презентира новата интимна и страствена кампања за есен-зима 2018/19 наречена Together во која се појавуваат Амбер Валета, Керолин Марфи, Едриен Броди, Адвоа Абоа, но и нивните најблиски. Како што сугерира називот на кампањата, се слави животот и се поттикнува заедништвото, семејните и пријателските односи, интимните моменти од секојдневниот живот. Фотографиите ги потпишува Марио Соренти, а во кампањата се појавуваат неговите деца и сестра му Ванина со сопругот и ќерката.
Приказната за големото семејство на „Манго“ ја дополнуваат манекенката Адвоа Абоа која позира со својата сестра Кесева и братучетката Алевја, супермоделите и долгогодишни пријателки Амбер Валета и Керолин Марфи, членовите на Соренти семејството, актерот Едриен Броди кој е амбасадор на машката колекција на „Манго“ и се фотографираше со своето куче Опи, уметниците Ленгли и Џулиет кои се запознале на едно снимање на видео за брендот…
Сите тие демонтрираат дека животот е убав кога се дели со некој друг, додека позираат во есенските модни парчиња на „Манго“ – долги фустани со принт, женски костими, карирани јакни, комплети од сомот и плетиво, а во кои се чувствува влијанието на стилот од 70-тите години.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари