Фустани, кошули, макси здолништа, бикини и други креации во кои зелената и белата се главни бои среќаваме како предлози на модниот бренд „Манго“ за претстојното лето. Неизвесно е дали ова лето ќе го поминеме на море, на планина или во градот, но извесно е дека ќе го поздравиме летото со летни модни идеи. Во новата понуда на „Манго“ преовладуваат модели со тропски дезен, бело кимоно, фустани од лесни ткаенини, ленени парчиња, бикини и летни обувки.
Нема коментари