Брендот Манго со новата кампања Summer Getaway нè потсетува на летните одмори покрај медитеранскиот брег, на совршен викенд покрај море, на летниот стил на Сен Тропе и Ибица, на симпатичен бег од секојдневниот живот. Манго нè спрема за летно расположение со колекција во која доминира белата боја, облеката со вез и морнарските пруги.
Во колекцијата ќе најдете бели памучни фустани, везено здолниште кое можете да го носите со горен дел од бикини, ленени шорцеви, летни блузи, едноставни бели кошули, лежерни панталони, малку џинс и блузи на пруги. Оваа колекција нуди совршена рамнотежа помеѓу стилот и удобноста.
Нема коментари