Модните брендови будно ги следат желбите на трудниците да носат облека која е со стил, не е премногу обична, досадна и широка, туку го следи трендот и се прилагодува на промената на телото што се случува за време на бременоста. Сè повеќе брендови, како на пример Mango, креираат посебни линии со стилска облека за трудници. Па така, овој шпански бренд за есен-зима 2020 за идните мајки понуди трудничка мода во вид на плетени џемпери и фустани, фармерки, сакоа и капути, облека која се прилагодува на тудничкиот стомак кој расте, а можете да ги најдете на сајтот на Mango под делот maternity wear.
Нема коментари