Колку модни комбинации смислуваме чекајќи повод за посебна забава за да можеме да ги облечеме? Пред нас се празничните денови и ноќните забави, можеби на моменти е неизвесно дали ќе се случат, но секако си посакуваме убави моменти во кои ќе ги носиме посакуваните вечерни модели. Новогодишни и празнични креации најдовме кај модниот бренд Манго, кој во новата кампања Dazzling Night (Блескава ноќ) претстави набрани фустани, светкави креации и модни детали со кристали. Манго за совршено вечерно излегување предлага и мини фустани со реси, бунди од еколошко крзно, свилени фустани со тенки прерамки, свечени сакоа од кадифе и мали чанти со циркони.
Нема коментари