Не премногу свечени, ниту многу лежерни, празничните фустани оваа година се нешто помеѓу во однос на стилот и се погодни за малите домашни журки со најблиските. Еве еден избор од колекцијата на брендот Манго – има модели од меко кадифе, долги и плисирани, од деликатни светкави материјали, сатенски креации со нагласени раменици, повеќе верзии на црн фустан. А добрата страна е што овие фустани ќе можете да ги носите на сите следни журки во 2021 година, кои се надеваме ќе бидат во побројно друштво.
Нема коментари