Периодов кога ќе се запрашате од каде е некој модел што сте го уловиле на Инстаграм или на фотографија со позната личност, како на пример капутот со животински принт забележан на Селена Гомез или оној зелениот на Пипа Мидлтон, често одговорот е дека тоа е модел на брендот „Манго“. А капутите од зимската колекција на „Манго“ нудат дијаметрално различни модни опции кои задволуваат повеќе стилови. Пример за различност во естетиката и персоналитетот се и Манго-девојките Жана Дама и Вероника Хајлбрунер кои избрале да носат сосема различни модели – Жана е во крзнено капутче, а Вероника во кожен мантил во стило на „Матрикс“. Во селекцијата е и Данката Пернил Тајбек која е облечена во светол напут со едноставен и прочистен изглед, што потсетува на скандинавскиот стил.
Жана Дама во кампања на „Манго“ носи кратко крзнено палтенце
Популарната пејачка Селена Гомез неодамна беше фотографирана во капут со црно-бел леопардов принт, подоцна беше идентификуван како креација од зимската колекција „Манго“
Пернил Тајсбек во светол капут со кожен финиш од горната страна и со крзно во внатрешниот дел
Пипа Мидлтон носи зелен флуиден капут на „Манго“ со широки ревери
Матрикс-девојка или Манго-девојка?! Вероника Хајлбрунер во кожен капут
Нема коментари