#СедиДома и #СмислувајСтајлинзи
Јасно е дека сегашната состојба е многу неизвесна и дека се грижиме помалку од кога и да било за модата, сепак оптимистички се надеваме дека кризата наскоро ќе заврши, ќе ги продолжиме нашите животи и ќе си дозволиме нови парчиња за топлите летни денови. Сите посакуваме што е можно побргу пролетните парчиња да ги носиме и надвор, не само по дома.
Што се однесува до модните трендови за пролет-лето 2020, популарниот шпански бренд „Манго“ ја откри новата кампања „Романтично расположение“, во која доминираат доминира облека во беж и земјени нијанси, валкано розова и пригушена портокалова боја. Покрај тоа, брендот нуди функционална и практична облека која се фокусира на удобноста, како што се комбинезони, кошули во сафари-стил, лежерни фармерки со висока половина, удобни кошули и едноставни фустани. Што се однесува до модните додатоци, има сандали со ремчиња и патики, едноставни кожни чанти и само малку минималистички накит.
Нема коментари