Знаеме дека светките и пулејките се толку очигледен избор за новогодишен стајлинг, секоја година ги има во празничните колекции, но одбројувањето на последните моменти на оваа комплексна и мачна 2020 година кое ќе го поминеме во поинтимна атмосфера, не значи дека нема да прославиме облечени во сјајни свечени креации. Светкава облека која обезбедува доза на свеченост најдовме во празничната колекција на брендот Манго, поточно разни модели на блузи и фустани со пулејки. Новата година препорачливо е да ја прославите во круот на неколку најблиски чичности, но тоа не значи дека не треба да облечете нешто блeскаво и свечено.
Нема коментари