Ако го разгледаме Инстaрам профилот на парижанката Леа Сфез ќе консктатираме дека сака да носи мантили. Таа дури и во интервју за Vogue изјави дека мантилот е едно од парчињата облека на кое е најмногу лојална. Во последно време мантилот го носи со трендовски фармерки кои се со поширок крој, ѕвонести во долниот дел и поткусени кај глуждот. Понекогаш се тоа фармерки со класичен крој, но Леа успева секогаш да ги избалансира пропорциите и кроевите. Спојот на мантил и фармерки се дополнува со додатоци по личен избор – обична маица, пролетни обувки, марама, чанта преку рамо… Ќе ѝ украдеме неколку идеи како добар моден избор за овој променлив април.
Нема коментари